Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол

На покана на новиот генерален секретар на Интерпол Валдеси Уркиза, делегација од Бирото за јавна безбедност (БЈБ), предводена од директорот Александар Јанев е во прва официјална посета во Лион, Франција.
Како што соопшти МВР, на средбата со генералниот секретар биле дискутирани стратешки и оперативни прашања кои се од особено значење за јакнење и модернизација на капацитетите на македонската полиција, огромниот придонес кој нашата држава во континуитет го пружа кон меѓународната полициска соработка и целокупното функционирање на Интерпол како глобална полициска организација.
-Од страна на високото раководство на Генералниот секретаријат на Интерпол, препознаени сме како кредибилен партнер за соработка, со партиципација во голем број на иницијативи, проекти и оперативни активности на Интерпол, користење на алатките и сервисите кои се на располагање на нашите полициски служби во борбата против организираниот криминал, тероризмот и компјутерскиот криминал, стои во соопштението.
Од страна на претставници од ГС на Интерпол биле презентирани иновациите за полициското работење, активностите на извршниот Директорат за полициски сервиси во кој спаѓаат борбата против тероризмот, комјутерскиот криминал, организираниот криминал и оперативната поддршка и анализа. Била реализирана и посета на Командниот и координативниот центар на Интерпол, што е надлежен за 24/7 оперативна поддршка на сите 196 држави членки на ИНТЕРПОЛ.
Во текот на посетата, делегација имала прилика да се запознае со активностите и придонесот на полицискиот службеник од МВР упатен на работа во Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ во Лион.
Од МВР додаваат дека „со професионален и посветен ангажман, македонската полиција е препознаена како силен партнер која секојдневно придонесува кон глобалната безбедност и безбедноста на нашите граѓани“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
