„Дејли Мејл“: Пет членки на ЕУ предлагаат „мини Шенген зона“

Пет членки на Европската унија изработиле план со кој се придвидува „исклучување“ од Шенген зоната на Грција, Италија, Шпанија и земјите од Источна Европа, тврди британскиот весник „Дејли Мејл“.
Според весникот, планот, зад кој наводно стојат Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија, предвидувал создавање на еден вид „мини Шенген зона“, на чии надворешни граници би се применувале посторги мерки на контрола, дури и за државјаните на другите членки на ЕУ.
- Со планот на властите би им се овозможило проверка на пасошите на сите патници што доаѓаат од земјите надвор од „мини Шенген зоната“ и создавање на база на податоци на „сомнителни лица“, за кои би постоел сомнеж дека се занимаваат со тероризам, наведува лондонскиот весник.
„Дејли Мејл“ тврди дека планот ќе биде официјално претставен на утрешната средба на министирите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ.
Дипломатски извори за весникот посочиле дека ваквата идеја следи, откако во ЕУ преовладало мислењето дека „Шенген зоната се соочува со проблеми“.
- Се уште не сме се договориле за некакво решение, но во тек се тајни разговори и засега има многу различни мислења за ова прашање, изјавил неименуваниот дипломат.
Според „Дејли Мејли“, идејата за создавање на ваква „мини Шенген зона“ се појавила по нападите во Париз од минатиот петок, во услови на зголемен прилив на бегалци, кој преку Грција и балканските земји се движат кон западноеверопските држави, во најголем број кон Германија.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
