Дехари: Управата за финансиска полиција работи без опрема за следење
Заменик-директорот на Управата за финансиска полиција Берат Дехари на денешната седница на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана рече дека Управата за финансиска полиција повеќе од една година работи без опрема за следење.
- Од законските измени од 2015 со кои сме вметнати во базата на МВР и Финансиската полиција, ние работиме без соодветна апаратура за работа, рече Дехари.
Претседателот на Комисијата, Емил Димитриев најави поактивен однос на ова собраниско тело за разлика од минатото.
- Во среда ќе има заедничка средба со Комисијата за надзор на УБК и странскиот експерт Рајнхард Прибе. Од лани е отворена дискусија за реформи во овој сектор и за тоа ќе разговараме. Тие реформи на крај ќе бараат законски измени. Правиме план за посета на институциите за кои сме надлежни и очекувам проактивен однос, рече Димитриев.
На денешната седница членовите на Комисијата едногласно го усвоија Деловникот за работа, за кој имаше само ситни технички забелешки. На седницата присуствуваа и претставници на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје