Македонија
25. May 2024 - 16:35

Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен

Холанѓаните изминативе години , се едни од најбројните туристи кои летуваат на охридско-струшкото крајбрежје и остваруваат најголем број ноќевања.Почнувајќи од  месец мај па се до октомви се очекува десетици илјади да престојуваат во земјава. Нивните аранжмани се од 07 до 21  ден.

Од крајот на мај организирани туристи ќе се носат од Велика Британија.

За дел од туристите причина била богатата природа, култура и историја за да го изберат Охрид. Од  03 јуни стартуваат чартер летовите Охрид Белград.

Охридскиот аеродром веќе е раздвижен а туристичките работници очекуваат плодна летна сезона.