Дедо Мраз слета со балон во Кисела Вода, поделени 3 000 пакетчиња
– Со голем балон на топол воздух, Дедо Мраз денес слета во паркот во Кисела Вода и донесе пакетчиња за преку 3000 дечиња, информираат од Општината.
Од Општина Кисела Вода велат дека ова беше финалето на новогодишниот настан, кој за најмладите овозможи двочасовна забава-театарска претстава од општинските градинки и концерт на изведувачите од детскиот фестивал „Поточиња“.
– Новогодишниот период е време кога ja прославуваме радоста, кога еден на друг си посветуваме повеќе внимание, кога со возбуда го очекуваме новиот почеток кој треба да донесе здравје, среќа, успех и други убави нешта за нашите најсакани. Се чини дека најважни за сите нас, сепак, се децата чии желби се најискрени и најтопли, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, дополнувајќи дека на овој начин Општина Кисела Вода одлучи да им ги разубави празниците на сите најмлади.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
