-->
-->
Дебито на Ангеловски со убедлива победа против Ц.Гора
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра натпревар каков што одамна не сме гледале. Деби на новиот селектор Игор Ангеловски-Мрме од соништата, триумф од 4-0 против солидната селекција на Црна Гора која добро го отвори натпреварот и создаде две шанси кои не ги реализира.
Потоа следуваа 5-те колосални минути на нашиот тим во кои постигнавме 3 гола. Серијата по ударот на Ибраими ја започна Шиков. На 2-0 зголеми Александар Трајковски од пенал откако претходно беше фаулиран Ибраими. По една брза контра на Тричковски , Трајковски доби топка на пеналтикот и зголеми на убедливи 3-0.
Истиот играч во вториот дел постигна хет-трик за убедливи 4-0. Во финишот од мечот гостите постигнаа почесен погодок за конечни 4-1 на овој меч.
Македонија го започна мечот во состав: Димитриевски, Ристовски, Жута, Шиков, Мојсов, Стјепановиќ, Глигоров, Ибраими, Трајковски, Тричковски и Крсте Велковски.
Ова е прва победа на Македонија по пауза од 13 месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло