Дебата: Жените можат да се носат со предизвиците во безбедносните служби

„Улогата на жените во безбедносните служби“ беше насловена дебатата која по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март се одржа во Полициското одделение Теарце, тетовско, на која присуствуваше дополнителниот заменик-министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска.
Местото за оваа дебата е избрано поради тоа што командир на Одделението е жена.

– Имаме позитивен пример на успешна жена командир на Полициското одделение во Теарце со што се докажува дека предрасудите за тоа дали жените можат да бидат на раководни позиции во Министерството се срушени. Дали можат да носат униформа, можат и секако и успешно да се носат со сите предизвици и да бидат од корист на населението и државата, изјави дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска.
Мирсада Зекири веќе две години е раководител, односно командир на Полициското одделение во Теарце.
– Улогата на жената е важна и нужна, жените во полицијата претставуваат неспорен квалитет и носат добри резултати. Би сакала во иднина недовербата и дискриминацијата кон жената да се смени на најниско можно ниво. Порачувам на колешките да го следат мојот пример и да бидат упорни и успешни, истакна Зекири.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
