Дебата за застапеност и квалитет на истражувачките новинарски текстови

Центарот за граѓански комуникации денеска во Скопје организира дебата на тема „Застапеност и квалитет на истражувачките новинарски текстови“.
На дебатата ќе бидат претставени наодите од вториот последователен мониторингот на медиумите за застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови, како и за темите и областите на кои се однесуваат.
Предмет на директен мониторинг беа 10 медиуми во земјата односно новинарските натписи во нив објавени во периодот март, април и мај 2017 година. Станува збор за комбинација од квантитативен и квалитативен мониторинг кој како резултат, покрај нумерички податоци, ќе даде и сознанија за квалитетот на анализираните написи, во смисла на запазување на професионалните новинарски стандарди.
Се очекува на дебатата да се отворат прашањата за слабата примена на техниките на истражувачко новинарство во земјата и за начините за надминување на дел од ограничувачките фактори.
Дебатата се организира во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ финансиран од Европската Унија.
Проектот го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Балканска истражувачка мрежа БИРН и НВО Инфоцентар.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
