Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 - 2027
Во рамки на денешната седница на собраниските Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе се одржи дебата за придобивките од Реформската агенда 2024 - 2027.
Како што информираат од собраниската прес-служба, целта е да се презентираат и дискутираат со пратениците придобивките од Реформската агенда 2024 - 2027, со фокус на можностите за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и зајакнување на клучните институции
Поздравни обраќања ќе имаат: Африм Гаши, претседател на Собранието, Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Орхан Муртезани, министер за европски прашања, Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија во земјава и Бен Нупнау, заменик-амбасадор во Делегацијата на ЕУ во земјава.
На тема „Реформите како заедничка одговорност: Градење консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ ќе зборува Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ и експерт на УНОПС.
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами