Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел

Жител на Дебар денеска претпладне го загуби животот откако паднал од станбена зграда во изградба, каде што извршувал работни задачи. Од здобиените тешки повреди тој починал на пат кон Општата болница со проширена дејност во Дебар.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, околу 11:35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар добило пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата починал К.С. (40) од Дебар.
-Денеска околу 11:35 часот во Одделението за внатрешни работи, од Итна медицинска помош е пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал К.С. (40) жител на градот. Според пријавеното, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улица „Братство единство“ во Дебар, каде што работел, и на пат кон болницата починал, изјави Димоски.
На местото на настанот излегле јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од ОВР Дебар.
Според информации од жители на Дебар, станува збор за нивен сограѓанин кој работел на поставување врати и прозорци на објектот. Тие го опишуваат како добро и вредно момче.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
