Давутоглу: Србија им понуди на турските инвеститори добри услови

Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу изјави денеска дека меѓу Србија и Турција постојат многу важни историски односи и дека е важно добрите билатерални односи на двете земји уште повеќе да се подобрат, јави Танјуг.
Давутоглу, во обраќањето за медиумите по билатералниот состанок со српскиот премиер Алексадар Вучиќ, нагласи дека на турската Влада ќе и биде чест да направи аранжман со Србија, кој веќе го има со Бугарија и Грција, за Советот на највисоко ниво.
- На ниво на влади ќе ги водиме разговорите и состаноците во наредниот период од различни области и во врска со тоа очекувам посета на Вучиќ но нашата земја. Важно е билатералните односи на двете земји уште повеќе да се подобруваат, истакна Давутоглу.
Според него, целта во обемот на трговија е од 780 милиони долари во 2014 да се зголеми на милијарда долари во 2016 година.
- Можноста која Србија ја понуди на турските инвеститори е навистина добра. Овде дојдов со 130 луѓе од бизнис заедницата од Турција, иако беше навистина тешко да се организира ваква средба на крајот од годината, потенцира Давутоглу.
Тој потсети дека во Србија доаѓал веќе десет пати, но дека ова му е прва посета како премиер и истакна дека без оглед на географската оддалеченост, не постои граница меѓу соседите.
Ново на Сител
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
