-->
-->
Давидков задоволен од одбраната, но не и нападот
-->

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков не го криеше задоволството од победата над Португалија во првиот меч од турнирот „Трофеј Македонија“ кој се игра во Скопје.
Давитков е задоволен од ангажираноста во одбраната, која го задржаа противникот на само 47 постигнати поени, но смета дека може да се одигра и далеку подобро во нападот, особено кога на располагање ќе го има Џордан Теодор кој поради повреда ќе го прескокне овој турнир.
„Доста добро и квалитетно игравме во одбрана, но колку што игравме добро во одбраната, толку бевме лоши во нападот. Само во првото полувреме имавме 12 грешки во нападот, премногу за еден сериозен натпревар. Имавме и многу слаб процент на шут, но се надеваме дека кога ќе тргне шутот. Задоволен сум од ангажираноста на играчите, сите што влегоа беа максимално вредно, особено во одбраната. За нападот не можам да им замерам, иако знам дека може и подобро. Имаа чисти позиции, но не реализираа, тоа е тоа“, изјави по натпреварот селекторот Давитков.
В
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
