Дарко Тошевски го извади крстот од водитe на Крива Река
Деветнаесетгодишниот Дарко Тошевски е среќникот, кој меѓу четириесетмината пријавени го извади крстот од водите на Крива Река на денешниот богојавленски водосвет во Крива Паланка.
Чествувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици започна со Света божествена Богојавленска литургија во црковниот храм Св.Великомаченик Димитриј, со која чиноначалствуваше свештенството од Кривопаланечкото архиерејско намесништво.
По литургијата, литијата од црквата пристигна до големиот мост на Крива Река каде по осветувањето на водите во реката беше фрлен светиот крст.
Годинава по крстот скокаа најголем број досега пријавени учесници, вкупно четириесет, а Тошевски, кој беше меѓу најмладите од нив, беше најсреќен.
– Прв пат скокам по крстот, долго време имав желба да уечствувам и пресреќен сум што ми се посреќи, рече Тошевски, заблагодарувајќи се на подароците од локалната самоуправа и од останатите.
Највозрасниот свештенослужител, протојереј ставрофор Добрислав Бошковски му посака здравје на Тошевски и му порача да го продолжи родот, да основа семејство што поскоро.
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, му додели подарок на Тошевски од име на општината, а подарок му врачи и одговорен од аптеки „Зегин“.
-Им го честитам празникот на сите Кривопаланчани, сите верници, од мое име, од име на општинската администрација и општинскито Совет, од свештенството на МПЦ-Кумановско–осоговска епархија и посакувам здравје, среќа и супех за сите. На Дарко му честитам и му посакувам нему и на неговото семејство многу здравје, бериќет и просперитет годинава. Благословени нека се од Бога, рече Мицевски.
На Богојавленскиот водосвет присуствуваа голем број верници, а за бојните граѓани од општината обезбедија топли напитоци што се делеа пред платото на Локалната установа – Градски музеј Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош