Дачиќ: Вучиќ постојано го лажат во меѓународната заедница
– Вучиќ постојано го лажат во меѓународната заедница, изјави денеска шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и додаде дека тие само сакаат признавање, а не компромис.
- Постојано го предупредувам дека тие го лажат Белград цело време. Тие не сакаат компромис. Се плашам дека само ќе претстават хартија на која стои дека Србија треба да го признае Косово, рече Дачиќ за РТС коментирајќи ја одлуката на Приштина да не го примени договорот за формирање Заедница на српски општини.
Приштина и меѓународната заедница, како што рече, треба да се изјаснат дали постои Бриселски договор.
- Јас го потпишав, не би го потпишал да не постоеше одредница Заедница на српски општини. Поради тоа Србија направи низа отстапки – интеграција на српските институции во косовските институции, рече Дачиќ.
Тој потсетува дека по изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ и романскиот претседател дека Романија би можела да посредува во дијалогот, веднаш стигна коментар од шефот на Кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи, Беким Чолаку кој рече дека не може да посредува некој што не го признал Косово.
- Тоа е тешко безобразие. Дали тие луѓе сфаќаат дека се будали ако мислат дека со сила ќе го натераат Вучиќ и Србија да го признае Косово без компромис, рече Дачиќ и додаде дека е наивно и погрешно ако некој мисли дека Србија ќе ја признае независноста на Косово само затоа што покажува конструктивност.
Тој истакна дека Србија тоа никогаш нема да го прифати и оти „не постои уцена која Србија може да ја натера да го признае еднострано прогласеното Косово“.
Ново на Сител
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
-

Сведок од ФЗО во „Онкологија 2“: Се бараа повеќе пари за набавка на терапија поради зголемен број пациенти
