-->
-->
Дачиќ: Косово нема право да формира армија
-->
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека Косово нема право да формира своја армија бидејќи тоа е во спротивност на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации.
- Таквата одлука е незаконска. Единствени вооружени сили кои можат да дејствуваат во Косово се силите на ОН - КФОР, истакна Дачиќ.
Тој додаде дека создавање на армија на Косово ќе биде дополнителен фактор на нестабилност во регионот.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи синоќа во Брисел изјави дека косовскиот Парламент итно треба да донесе одлука за формирање на вооружени сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден