Д-р Докиќ: Кај младите што починаа од коранавирусот, главен фактор беше гојазноста
Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија Пулмологот Д-р Дејан Докиќ кажа во врска за големата смртност од Ковид-19 во нашата земја. Според него, смртноста кај било кој од пациентите, зависи од нивниот имунолошки одговор и нивниот имунолошки систем.
„Не секогаш се видливи одредени мали промени, дефекти во имунолошкиот систем, кој што се многу важни во вакви епидемии. Од 24-ти октомври до 24-ти април, 80 проценти од вкупното население, од сите позитивни случаи, се токму во овој период, што говори за силината и јачината на вториот бран. 70 проценти од сите смртни случаи од корона, од 24-ти април, исто така се должат на вториот бран“, вели Докиќ, додавајќи дека со британскиот сој, шансите за заразување биле од 40 до 70 проценти поголеми.
„Сето тоа во комбинација со проблемите што секоја индивидуа ги има е причина за поголемата смртност“, потенцира пулмологот.
За тоа зошто многу млади лица починаа од коронавирусот, Докиќ кажа дека секој од нас не знаеме каков имунолошки систем крие.
„Не е нешто што можете рутински да го испитате, со земање на крв и дали вие сте отпорни кој некои вируси или бактерии. Kај младите што починаа, гојазноста или обезноста, беше една од факторите кои што укажаа дека е ризик фактор“, информира пулмологот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре ќе биде познато колкумина ќе гони Обвинителството за пожарот во Кочани
-
Над 100 од повредените во Кочани ја контактирале Владата – доставиле предлози и барања за нивниот процес на опоравување
-
Нема да има средба Силјановска - Радев во Хаг, но дали претседателката ќе се сретне со бугарскиот премиер
-
Пропадна обидот за воведување една изборна единица
-
Јанев: Коруптивните дејствија во полицијата и институциите ќе се пријавуваат онлајн
-
Невладиниот сектор нотира: Пратениците носат закони по скратена постапка за да се задоволат апетитите на политичките гарнитури
-
Finance Тhink: Целосно реализирани 18 (13%) од владините ветувања за една година