ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на планината Добра Вода, општина Македонски Брод.
Од пожарите што се ставени под контрола, два се на територија на општина Гази Баба. Електричен отпад бил опожарен во село Трубарево, а нискостеблеста шума била опожарена во село Виниче, место викано „Муратица“. Третиот пожар ставен под контрола е во општина Студеничани, село Батинци, каде гореле ниска вегетација и мешана шума. Последниот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кочани, каде во селото Бали била опожарена депонија.
МИА
Ново на Сител
-

Претреси во Велес и велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени две лица
-

Портпаролката на грчко МНР за ЕЕС системот: Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива
-

Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ
-

Николоски: За 5 години брза железница Скопје–Солун за 1 час и 25 минути и Скопје-Белград за 2 часа и 30 минути
-

Сончево и топло до 37 степени до средината на наредната недела
-

Таткото на убиецот од „Рибникар“ доби 14 и пол години затвор, мајката речиси три години
-

Уапсен 37 годишник во Охрид, пронајдени пушки, револвер и рачни бомби
-

Трамп им заблагодари на Џјинпинг и Путин за „неутралноста“ по однос војната со Иран
