ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола

До 18:30 часот евидентиран е вкупно 21 пожар, од кои осум се уште се активни. Изгаснати се 12 пожари, а еден е ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во дојранско Николиќ, во велешките села Џидимирци и Крушје, во виничкото село Ласки, во село Локвица на територија на општина Македонски Брод. Активни пожари има и во гостиварското село Чегране и општина Куманово - Липково, над село Умин Дол кон село Никуштак. Од скопскиот регион, активни пожари има во општина Чучер-Сандево, на средина на село Горњани кон село Блаце, кон магистрала и во општина Шуто Оризари, на улица „Индира Ганди“.
Под контрола е ставен пожарот во општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Крапа, Слатина и Девич.
Изгаснати се 12 пожари, меѓу кои пожарот во близина на село Горњани - општина Чучер Сандево, во близина на стадионот на Гостивар, во ресенското село Перово, во општина Куманово, во кругот на фабриката на ФЗЦ и во месноста викана Пармакови ниви. Изгаснати се и пожарите во општина Старо Нагоричане, кај селата Пелинце и Милутинци, општина Крива Паланка, кај село Градец, во месноста викана Ѓошинска мала.
Два пожара се изгаснати во Охрид, кај селото Оровник и кај населбата Далјан. Во Прилепско се изгаснати пожарот покрај патот од хотел „Салида“ кон Битола и пожарот меѓу селата Лажани и Ропотово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
