Црногорската полиција заплени 20 тони хашиш, уапсени 11 лица

Во заедничка операција на црногорската полиција и Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА), минатата недела биле запленети 20 тони хашиш со вредност од 65 милиони евра на црниот пазар, соопшти синоќа висок претставник на црногорската полиција Енис Баковиќ.
Тој прецизираше дека на 2 август, во водите на Италија бил запрен бродот „Ремус“, кој пловел под знамето на Панама, поради сомнение дека криумчарел хашиш, а чиј екипаж бил составен од 11 црногорски државјани, кои се уапсени.
Бродот испловил од малото црногорско пристаниште Зеленика кај Херцег Нови и се упатил кон Мароко, каде се претпоставува ја натоварил дрогата, јави РТЦГ.
Црногорската полиција во соработка со ДЕА го следала бродот при враќањето, а кога им се придружила италијанската полиција, пловилото со 20 тони хашиш било запрено во меѓународните води.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
