-->
-->
Црна Гора противник на Србија во финалето на ЕП во ватерполо
-->

Репрезентацијата на Црна Гора ќе биде противник на Србија во финалето на Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград.
Црногорците, синоќа во вториот полуфинален меч на шампионатот ја победија Унгарија со 8:5 и се изборија за место во големото финале. А, таму за противник ќе го имаат главниот фаворит за златото домаќинот селекцијата на Србија, коа воедно е и бранител на шампионскиот трофеј.
А, на женскиот дел од турнирот, во финалето ќе играат Холандија – Унгарија.
Ова откако вчера во полуфиналните натпревари Холандија минимално со 15-14 ја победи Шпанија, а Унгарија убедливо 10-5 ја совлада Италија.
Дуелот за златото во женска конкуренција меѓу Холандија - Унгарија е вечерва од 20 часот и 15 минути, а претходно од 18 часот и 45 минути во „малото финале“ за бронзата ќе се борат Шпанија и Италија.
Европското ватерполо првенство завршува в сабота со распределбата на медали во машка конкуренција.
Од 16 часот и 15 минути Грција - Унгарија ќе играат за 3.место, додека финалето меѓу Србија – Црна Гора ќе започне од 17 часот и 45 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
