„Црн понеделник“ за светските брзи

Глобалните берзи на акции доживеаја вчера стрмоглав пад, а цените на стоковите берзи достигнаа нов минимум под влијание на економската ситуација во Кина, и поради стравувањата од штетното успорување на втората најголема светска економија.
Вредноста на акциите на кинеските берзи се намалува од средината на јуни кога беа највисоки, поради што властите покренаа широки интервенции во обид да го совладаат тој тренд, но ни најновите пазарни интервенции на Пекинг не успеаја да ја вратат довербата, јавуваат западни медиуми.
Речиси 9-процентен пад на акциите во Кина ги потресе глобалните берзи, па американскиот индустриски индекс Дау Џонс загуби повеќе од илјада бодови, пред Волстрит да ги ублажи загубите, додека индексот S&P500 „потона“ повеќе од три отсто.
- Нема сомение дека паниката раѓа паника на Волстрит, вели Мајкл Холанд во интервју за Блумберг телевизија, нарекувајќи го вчерашниот ден - црн понеделник.
Тој додаде дека тоа е психолошка работа што се шири секаде.
Одделни европски берзи исто така вчера регистрираа загуби над седум проценти во попладневното тргување.
Лондонскиот FTSE 100 се намалу за 4,67 проценти, Парискиот КАК 40 се намали за 4,70 отсто што е негов најголем пад од ноември 2011 година. Меѓу останатите европски берзи кои беа потресени од „црниот понеделник“ со загуби над пет проценти се и берзите во Амстердам, Брисел, Милано, Мадрид и Осло. И грчката берза регистрира намалување за повеќе од 10 отсто. Акциите на берзата во Шангај „потонаа“ за 8,49 отсто што е најголем пад од февруари 2007 година.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
-

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи
-

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо
-

Неготинец си го натепал малолетниот син со метален предмет
-

Отстрането државно знаме во Гостивар, полицијата истражува
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
