Ципрас: Традиционалната новогодишна пита во грчкото МНР задоцни поради Договорот од Преспа
Со оправдано задоцнување, како што истакна грчкиот премиер, токму поради обврските што произлегоа од “еден од најважните и историски договори”, во Министерството за надворешни работи на Грција, денеска беше пресечена и поделена традиционалната новогодишна пита, јави дописничката на МИА од Атина.
На присутните во грчкото МНР им се обрати Алексис Ципрас, кој се заблагодари меѓу другото и за “придонесот за историскиот Договор од Преспа” и рече дека е оправдано што новогодишната пита се дели на крајот на февруари.
-Сепак никој нема поплаки бидејќи работата што ја направи Министерството за надворешни работи во изминатиот период и многу важниот придонес за улогата на татковината на меѓународно поле, го оправдува ова мало задоцнување, бидејќи не можевме да делиме пити во моментот кога беше во тек еден од најважните и историски договори кои ќе ја означат надворешната политика на земјата и веќе ја имаат надградено улогата на нашата надворешна политика, рече грчкиот премиер во кусото обраќање во грчкото МНР, пренесе МИА.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест