-->
-->
Ципрас: Нема потреба Грција да прифаќа дополнителни рестриктивни мерки
-->
Нема потреба Грција да прифаќа дополнителни рестриктивни мерки, освен оние кои се договорени во спасувачкиот план со меѓународните кредитори, во замена за нови кредити, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, поздравувајќи ја одлуката на Еврогрупата.
Грција и нејзините кредитори од еврозоната вчера постигнаа договор, со што ќе се овозможи деблокирање на уште пет милијарди евра, од кои земјата има потреба.
- Грција не е сама и веќе не е изолирана. Задоволна е од поддршката на политичките сили и влади, кои на крајот сфатија дека земјата и народот имаат право да свртат нова страница, истакна Ципрас.
Тој додаде дека „Грција зад себе оставила шест години на рецесија и темнина, но и покрај тоа не е уште време да се прославува“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости