Ципрас на Лезбос: Да немаме договор работите би биле полоши
Грчкиот премиер Алексис Ципрас го бранеше контроверзниот договор помеѓу ЕУ и Турција за мигрантите, во обид да го олесни гневот на грчкиот остров Лезбос, каде се сместени речиси 9.000 бегалци и мигранти.
- Ако не ја имаме оваа рамка (договор), работите би биле трипати полоши, рече Ципрас за време на посетата на Лезбос.
Тој зборуваше за договорот ЕУ-Турција од 2016 година, кој значително го ограничи приливот на мигранти од Турција, но илјадници баратели на азил останаа блокирани во Лезбос и други грчки острови, предизвикувајќи гнев на нивните жители.
- Пред три години, 4.000-5.000 луѓе доаѓаа секој ден, рече Ципрас, но исто така призна дека условите се „многу тешки за мигрантите и за жителите".
Лезбос има околу 86.000 жители, а стотици илјади мигранти и бегалци поминаа оттаму пат кон Европа.
Пристигнувањето на Ципрас во Лезбос, каде што зборуваше на конференцијата, беше проследено со демонстрации на околу 2.500 граѓани и генерален штрајк.
По завршувањето на протестот, група од околу 80 лица (најверојатно радикални десничари) ја нападнаа полицијата и сакаа да стигнат до објектот каде што се одржа обраќањето на Ципрас. Полицијата во одговор употреби солзавец. Откако беа спречени, се упатиле кон канцеларијата на СИРИЗА, и биле нападнати и новинарски екипи.
Според грчки медиуми, полицијата привела две лица.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава