Ципрас: Каде се борците за Македонија сега кога Мицотакис го почитува Договорот од Преспа

Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија)? Ги виде некој? Каде се скрија сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?, се запраша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на настан на кој одговараше на 20 најпопуларни прашања поставени и избрани од членовите на партиската платформа iSYRIZA под наслов „I ask & watch”.
Прашан за тоа дека „десничарската пропаганда успеа да создаде впечаток во јавноста дека левицата се идентификува со антинационалистичките сили”, поранешниот грчки премиер рече дека оваа пропаганда беше „посебно интензивна пред точно една година кога се гласаше договорот”, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека изборот на Нова демократија тогаш бил „да се идентификува со радикални мислења, со радикални кругови, да го труе грчкото општество и уште еднаш да направи поделба на патриоти и предавници”.
-Патриотизмот во нашево време, современиот патриотизам, не е да ја мразиш татковината на другиот, туку да ја сакаш твојата татковина и да сметаш дека другиот има право да ја сака неговата татковина. Лани поминавме тешки моменти. Но, денес, кој дискутира за тоа? Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија н.з.) Ги виде некој? Каде се скрија сите овие, сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?, истакна Ципрас, осврнувајќи се на значењето на поимот татковина за левицата.
За Договорот од Преспа рече дека „ги одбраниле вистината и патриотскиот интерес”. – Мислам дека полека полека дури и оние кои лани беа под влијание и излегуваа на улица, беа чувствителни, сфаќаат дека тоа го сторивме во корист на патриотскиот интерес. Бидејќи сега, кога Турција нѐ провоцира ќе има можност со нејзините Ф-16 да лета над Македонија, рече Ципрас одговарајќи на едно од 20-те прашања поставени од членовите на партиската платформа. Лидерот на СИРИЗА порача дека левицата „беше и останува патриотска сила и сила на национална одговорност“.
Ново на Сител
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
