-->
-->
Ципрас: Грексит е веќе минато
-->

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави по средбата во Брисел, дека излегувањето на Грција од еврозоната еминато и дека е соочен со тешки одлуки и дилеми, но договорот ќе и овозможи на Грција да застане на свои нозе.
Тој додаде дека успеал да ги убеди лидерите на Европската унија дека новиот фонд од 50 милијарди евра да не биде лоциран во Луксембург туку во Атина.
Ципрас наведе дека добил и среднорочен план за Грција и можно релаксирање на долгот. Тој се обврза дека државата ќе спроведе радикални реформи.
- Бевме соочени со тешки решенија и одлуки. Водевме сурова борба и се боревме до крај за да добиеме најдобро решение. Договорот е тежок, но спречивме план за финансиско задушување на Грција, изјави Ципрас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трето државно квиз првенство
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
