Чупиќ: На Вардар му требаат две победи за остварување на нашата првична цел, пласман во осминафиналето на Лига Европа

Македонскиот претставник во ракометната Лига Европа, тимот на Вардар го очекува натпревар со Мелсунген во четвртата рудна од Главната фаза. „Црвено-црните“ дуелот со германскиот претставник го дочекуваат со зголемена самодоверба по победата над Алкалоид во саботата во дербито на колото на македонскиот шампионат.
Тренерот Иван Чупиќ верува дека со две победи на домашен терен ќе се обезбеди осминафинале.
-По поразот од Бенфика, знаевме дека важен меч е пред нас. Ја знаеме силата на Мелсунген. Тие се квалитетна екипа, со квалитетен тренер, играат заедно неколку сезони. Наша цел е со две домашни победи да обезбедиме осминафинале. За да се реализира тоа мора да одиграме на високо ниво. Се надевам дека после тешката недела и победата против Алкалоид, утре ќе ја наполниме салата, и ние на терен и навивачите на трибина ќе направиме атмосфера, и задоволни со два бода ќе продолжиме понатаму, изјави Чупиќ.
Слично размислува и Јака Малус кој беше најдобриот играч во саботата на дербито со Алкалоид.
-Сите знаеме што претставува Мелсунген, но мислам дека после мечот во „Автокоманда“ покажавме дека имаме карактер. Не паднавме психолошки по поразот од Бенфика. Мораме да одиме на победа, заслужуваме да имаме полна сала, со таква атмосфера ќе ни биде полесно. Екипите во Германија не знаат што значи ваква атмосфера. Навивачите да ни помогнат да победиме и да направиме чекор кон нашата цел, вели Малус
По три кола, Вардар има една победа и два пораза, односно два бода пренесени од првата групна фаза, додека Мелсунген има максимални шест бода и е лидер на табелата во Групата – 3. По два бода имаат и Бенфика и Кристијанштад. Првопласираниот тим ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето, додека вториот и третиот ќе играат во осминафинале.
Натпреварот Вардар – Мелсунген е закажан за утре (24 февруари) во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
