Чулев: Полицајците да водат сметка за своето здравје, но и да бидат на располагање на граѓаните
Полициските службеници да бидат максимално претпазливи пред се водејќи сметка за своето здравје, но и целосно да бидат на располагање на граѓаните кои се сместени во карантин, апелираше денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при посетата на полицајците кои ги обезбедуваат лицата сместени во државниот карантин во центарот на Скопје.
Од МВР соопштија дека министерот Чулев бил информиран за протоколите по кои полицијата постапува во државниот каарантин, како и дека полициските службеници се поставени на влез и на секој спрат од хотелот, со цел гарантирање на безбедноста и одржување на редот во објектот.
Карантинот во траење од 14 дена се воведува за сите македонски државјани, кои се враќаат во нашата земја. Транспортот од граничниот премин до карантинот го врши овластен превозник одреден од страна на Генералниот секретаријат на Владата, а Министерството за внатрешни работи го придружува транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект.
Во моментов припадниците на Министерството за внатрешни работи обезбедуваат седум објекти, а заклучно со денешниот ден во државен карантин се спроведени околу 250 лица, вратени од странски земји.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг