Чулев: Кривична за скопјанец кој на фејсбук ширел говор на омраза кон Ромите
До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи вчера преку електронска пошта е пристигната пријава за лице кое преку својот профил на фејсбук објавило постови кои содржат текст во кој се шири говор на омраза поврзана со припадниците на ромската заедница во државата, информира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Како што напиша Чулев на својот фејсбук профил, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика е веднаш постапено и утврдено е дека се работи за И. Ѓ. (30) од Скопје кој во повеќе наврати објавил постови со кои шири говор на омраза кон ромскиот народ и муслиманите, со што сторил кривично дело „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Поради тоа до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава.
– Во однос на вчерашната изјава на Самка Ибраимовски каде истиот ме повикува да постапам во однос на ширењето на говор на омраза према Ромите би сакал да истакнам дека додека јас сум Министер за внатрешни работи, Ромите и сите останати граѓани ќе бидат еднакви пред законите и Министерството за внатрешни работи ќе постапува неселективно, професионално и еднакво против секој кој ќе ги прекрши законите независно од неговата етничка, верска, политичка и било каква друга припадност. Во таа насока вчерашната изјава на господинот Ибраимовски ја сметам како свесна манипулација и груба злоупотреба и искористување на ромскиот народ за политички цели имајќи предвид дека се наоѓаме во предизборен период, наведува Чулев на својот фејсбук профил.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје