Чудната дупка во Русија станува се поголема
Чудната дупка во североистичниот дел на Русија станува се поголема, а дрон на телевизијата „Раша тудеј“ успеа да ја прикаже нејзината вистинска големина и моќ.
Прво, цел на нејзиното ширење беше местото Соликамс, а дупката тогаш беше широка околу 30 метри. Од појавувањето во ноември 2014 година до денес, таа се рашири на неверојатни 125 метри во пречник.
Дупката не покажува знаци на успорување додека околната земја тоне и исчезнува во нејзината длабочина, која изнесува околу 75 метри.
Се претпоставува дека дупката настанала како последица на поплавите кои ги зафати регионот и поранешниот рудник.
Во близина се наоѓа активен рудник, чии челници го уверуват населението чии куќи се наоѓаат во близина на дупката, дека таа не претставува опасност по нивната безбедност.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево