Човечки коски пронајдени во берлински парк, полицијата се сомнева во канибализам

Полицијата во Берлин уапси човек осомничен за убиство со сексуални мотиви, но и канибализам. Апсењето се случило откако полицијата пронашла човечки коски во градски парк.
Форензичарите велат дека жртвата е 44-годишен маж кој исчезнал пред два месеца, пренесува Би-би-си.
Кучињата трагачи им помогнале на полицајците да го пронајдат осомничениот 41-годишен професор по математика, пишуваат германските медиуми.
Минувачи во паркот пронашле човечки коски на 8 ноември.
Неименуван полициски службеник за берлинскиот весник БЗ изјавил дека на една од пронајдените коски воопшто немало месо, а има и други индиции дека жртвата Стефан Т. всушност бил жртва на канибал.
Осомничениот убиец, за кого полицијата ги објави името и првата буква од презимето, Стефан Р. бил дел од некои групи на интернет, со содржина поврзана со делото, објави германската новинска агенција ДПА.
Жртвата, инаку електроинженер, го напуштила својот стан на 5 септември нешто пред полноќ и не се вратил во него. Неговите цимери подоцна пријавиле дека исчезнал.
Германските медиуми го споредуваат настанот со случајот на Армин Меивес, канибал, кој беше осуден во 2006 година на доживотен затвор. Тој ја запознал својата жртва на интернет-група посветена на луѓе заинтересирани за канибализам. Тој го снимил убиството на камера, а обвинителите откриле дека 44-годишниот Меивес ја убил својата жртва, 43-годишен маж, за да го задоволи својот сексуален нагон.
Ново на Сител
-

Нови американски воздушни напади врз Иран, погоден танкер во Ормуската Теснина
-

Министерот Николоски ќе присуствува на промоцијата на седмиот авион на „Виз ер“ во Скопје
-

Во Собранието седници на шест комисии, на дневен ред енергетика, образование и безбедност
-

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
