Јункер: Франција може да смета на поддршката на ЕУ во борбата против тероризмот

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер рано утринава прв меѓу лидерите на Европската унија изрази осуда на синоќешниот терористички напад во Ница, во кој најмалку 80 лица го загубија животот.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Јункер синоќешниот чин го нарече „кукавички“ и порача на Франција дека може да смета на поддршката на Унијата во борбата против тероризмот.
- Јас сум многу погоден и натажен од страшната мака што го погоди прекрасниот град Ница на денот на прославата. Јас би сакал да ја изразам мојата голема солидарност со жртвите, нивните семејства и со сите француски мажи и жени на денешниот ден на жалост, по кукавичкиот чин на тероризам. Франција може да смета дека Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува неа и другите членки на Европската унија во борбата против тероризмот во рамки на и надвор од Европската унија. Нашата определба ќе остане цврста како и нашето единиство, порача Јункер.
Ова е трет голем терористички напад во Франција во изминативе година и половина, откако во јануари 2015 година во терористички напад на редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“ беа убиени 12 лица, додека лани во ноември во симултани терористички напади на три локации во Париз, меѓу кои главна цел беше концертната сала „Батаклан“ во која се одржуваше концерт - беа убиени 131 лице, а над 200 повредени.
По овие настани, ЕУ донесе неколку декларации за заедничка соработка на 28-те земји-членки во борбата против тероризмот.
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
