Човечка грешка причина за судирот на двата воза во Баварија
Грешка на еден од железничките диспечери, е причина за судирот на двата воза во Баварија минатиот месец, во која загинаа 11, а беа повредени други 80 лица, соопшти денеска во Минхен обвинителот Волфганг Гизе.
Според него, диспечерот отворил зелено светло и за двата воза на линијата со еден колосек, а потоа се обидувал да ги предупреди двајцата машиновозачи.
Станува збор за 39-годишен вработен на Железницата, чиј идентитет засега не се открива. Обвинителството ќе подигне и формално обвинение против диспечерот за „ненамерно убиство“, за што може да биде осуден на казна затвор до пет години.
- Ако се придржувал до правилата на Железницата, несреќата немаше воопшто да се случи, изјави обвинителот Гизе.
Несреќата се случи минатиот месец кај местото Бад Ајблинг, околу 60 километри југоисточно од Минхен, при директен судир на два воза кои се движеле со брзина од околу 100 километри на час.
На местото на несреќата пругата има блага кривина, па машиновозачите не можеле да се видат речиси до последниот момент, при што и времето за кочење било мошне кусо.
Сите 11 загинати во несреќата се мажи на возраст меѓу 24 и 59 години.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња