Член на моето семејство ме силуваше кога имав 11, на 16 ме силуваа двајца - страшна исповед на славната актерка!
Познатата актерка Ешли Џад (48) минила низ вистински пекол за време на нејзиното детство кое го одбележале силувања, инцест и други ужасни сексуални злоставувања.
Ешли не сака да молчи за работите кои ги преживеала, и како што вели, ќе направи се за да се избори против сите кои сметаат дека било какво злоставување на жените е оправдано или дозволено.
Додека растела во Кентаки, во раздвоено семејство во кое нејзината мајка секојдневно носела различни мажи, Ешли премногу рано се запознала со сексот - секојдневно ја слушала нејзината мајка во акција со разни мажи.
Семејството често се селело додека Наоми и постарата сестра на Ешли, Винона се обидувале да станат пејачки, па така на 11 години несреќната Ешли доживеала траума - ја силувал член на нејзиното семејство чие име никогаш не го открила.
Ужасот продолжил и наредните години, кога имала 16 години силувана е од двајца мажи додека трет гледал.
Заблагодарувајќи се на нејзината убавина, Ешли добила можност на 17 години да замине два месеци во Јапонија, но пеколот продолжил - нејзиниот менаџер се обидел да ја присили на орален секс, а неколку дена подоцна, иште еден маж се обидел да ја силува во кола, но сепак успеала да побегне.
Годините во кои таа била сексуално злоставувана оставиле длабок белег на актерката, па на почетокот на 2006 година била два месеци на лечење од депресија.
Ешли Џад редовно одржува предавања на кои сака да ги охрабри сите жени кои преживеала исти трауми, да излезат и да кажат без страв за злоставувањата кои ги преживеале.
Ешли со нејзината мајка и сестра:
Актерката во 2011 ја објави книгата со која го шокираше светот "Al That Is Bitter And Sweet” во која детално ги опишува траумите.
Ново на Сител
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии