Член на „Исламската држава“ уапсен во Германија

Германската полиција уапсила член на терористичката „Исламска држава“ во градот Бибераш во покраината Баден Виртенберг. Според локалните медиуми уапсениот е сириски државјанин на возраст од 23 години, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Сириецот се осомничен дека во 2013 година заминал во Сирија каде што се борел во редовите на ИД по што пристигнал во Германија. Германското јавно обвинителство не открива дали Сириецит со име Емад А. во Германија влегол како бегалец или искористил друг начин за влез во земјата.
Веста за апсењето на Сириецот доаѓа еден ден откако вчера германските власти објавија дека е уапсен војник на германската армија кој што планнирал напади врз мигранти а самиот бил пријавен како барател на азил со лажни документи.
Според германските служби за безбедност, над 800 германски граѓани и лица со регулиран престој во земјата досега заминале да се борат во ИД и други воени формации во Сирија и Ирак во последниве 5 години. Над 220 од нив веќе се вратени во Германија и претставуваат потенцијална опасност за германскиот јавен ред и мир.
Ново на Сител
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
