-->
-->
Чифлиганец нов претседател на ФБСМ!
-->
Познатиот стопанственик д-р Ванчо Чифлиганец е нов претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија.
На денешното вонредно собрание тој доби поддршка од 34 делегати од 17 клубови колку што присуствуваа на седницата.
Во 1996г Чифлиганец како прв човек на БК Бучим Јака го предводеше клубот до светската титула а и подолго време ја извршуваше функцијата претседател на тогашниот Боречки Сојуз на Македонија.
Со тоа привршува кризата во федерацијата на која и се закануваше суспензија од светското борење.
Во УО избрани се Васил Коцев-Балканец, Бетим Вренези -Лирија, Александар Поцев-Бучим, Назми Али-Тефејуз, Јордан Димитров-Спартак, Јане Мелов-Неготино, Методи Сичков-бизнисмен, Николајчо Николов- бизнисмен. Потпретседатели на ФБСМ се Трајче Димков, Могамед Ибрагимов и Бетим Вренези, а Насе Насев ќе биде спортски директор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
