-->
-->
Четвртфинале за Надал во Париз
-->

Рафаел Надал му се приклучи на Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас како трет тенисер со 50 победи во 2019 година, откако со 6:4/6:4 го совлада Стен Вавринка во едностраниот меч во Берси, за да се пласира во четврт-финалето на Мастерс 1000 турнирот, кој никогаш го нема освоено.
Со убедливата победа над Вавринка, тој само го подобри одличниот скор што го има против трикратниот гренд слем шампион – ова беше негов 19 триумф, додека Швајцарецот има славено само трипати против големиот противник.
Следен за него е домашниот фаворит, Жо-Вилфрид Цонга, кој со помош на гласната публика успеа да стигне до драматична 2:6/6:4/7:6(6) победа над Германецот Јан-Ленард Штруф. Новак Ѓоковиќ, тенисерот со кој Надал се бори за првото место на АТП листата на крајот на 2019, во четврт-финалето игра токму со младиот Грк, Циципас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
