-->
-->
Четворица вработени во ОН загинале при два напади во Мали
-->
Четворица вработени во ОН загинале при синоќешните напади во два објекти во Мали, соопшти денеска локалната мисија на светската организација, јави ДПА.
Непознати напаѓачи синоќа истрелале ракети или минофрлачки гранати на кампот на мисијата на ОН (МИНУСМА) во северниот град Гао, при што загинал еден мировник, а повеќе од десет војници и вработени цивили се повредени.
Малку подоцна во Гао, вооружени лица извршиле напад врз објектот на Координативниот центар на ОН за акција против мините (УНМАС), во кој загинале експерт за деактивирање на мините и двајца полицајци од локалните сили за безбедност.
Пред околу две седмици петмина мировници на ОН беа убиени во северно Мали.
Повеќе од 70 војници на ОН загинаа во Мали во последните три години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости