Четворица вработени во Канал 5 телевизија се во самоизолација
Претставник на Канал 5 телевизија на денешната прес-конференција на министерот за здравство Венкo Филипче, информираше дека четворица вработени во телевизија се во самоизолација заради заболувањето од корона вирус на главниот и одговорен уредник на информативната редакција на медиумот Гоце Михајловски.
Од телевизијата наведоа дека Канал 5 продолжува да информира професионално и независно и покрај големиот предизвик со кој се соочени во моментов.
Околу тоа дали е направено тестирање на вработените во Канал 5 и каква е препораката на епидемиолозите за оваа телевизија во однос на нејзиното работење, како и за работењето на останатите новинари земајќи ги предвид постојаните средби на колегите, министерот посочи дека емидемиолозите оствариле комуникација со одговорните на телевизија и оти се спроведени интервјуа со сите вработени коишто имале контакт и се сметаат за висок ризик.
– Јас верувам дека и на колегите од останатите медиуми, како и сите други приватни контакти на тие лица за коишто се смета дека се во ризик, се веќе направени интервјуа, или ќе бидат направен во текот на утрешниот ден. Согласно тоа ќе бидат преземени и одредени мерки, доколки има потреба, истакна Филипче, посочувајќи дека за фирмата важат истите пристапи и протоколи како за сите останати.
Тој нагласи дека просториите на Канал 5 телевизија се исчистени според стандардите.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници