Четворица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово
Сообраќајот на автопатот Скопје -Тетово се пренасочува по локален пат вечерва поради сообраќајка со повредени лица која се случила после 18 часот. Две возила се судриле во близина на Требошки натпатник, а при тоа се повредени четири лица.
-Околу 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Требошки надвозник, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“со тетовски регистарски ознаки управувано од 20-годишниот Ќ.Р. од тетовско Седларево и „фолксфаген голф“ со кичевски ознаки што го управувал 64-годишниот А.Р. од Кичево.Во несреќата, четири лица (сопатници) од „голфот“ задобиле телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид врши екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат за тетовско Желино.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани