Четири музички документарци на есенското издание на „Скопје синема сити“
Во Кинотеката на Македонија денеска и утре ќе се одржува есенското издание на фестивалот „Скопје синема сити“ кој е фокусиран на музиката и нејзиното филмско претставување.
Ќе биде отворен вечер од 19 часот со српскиот документарен филм „Како да беше некогаш“ на режисерот Душан Весиќ, биографски филм за култниот бенд „ЕКВ“ од Белград. На проекцијата на филмот ќе присуствува и Весиќ, кој ќе биде достапен за прашања од публиката. Оваа година тој објави биографија и на Маргита Стефановиќ „Како таа да беше некогаш“, која ќе биде промовирана за време на неговиот престој.
Во терминот од 21.30 во Кинотека ќе биде прикажан „Звуци и тишина: патешествијата со Манфред Ајхер“ - швајцарски документарец за основоположникот и главен музички продуцент на музичката издавачка куќа „ЕСМ“ основана во 1968 година.
Од 20 часот утре е британскиот „Постигни или умри“ - филм за животната приказна на Ланг Ланг - т.е. како едно дете од рурална Кина станува еден од најдобрите светски пијанисти. Од 21.30 утре е францускиот документарен филм „Стив Рајш: Соочување со фазата“, посветен на еден од основоположниците на минимализмот во класичната музика.
Фестивалот е организиран со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови