Четири девојки правеле селфи на мост, а во следниот момент се случила голема катастрофа
Четири девојки одлучиле да прошетаат по стариот железнички мост и да направат селфи фотографија. Следниот момент се случила вистинска катастрофа, мостот пропаднал и тие паднале од висина од 30 метри.
Девојките од Бразил на возраст од 15, 22 и 26 години претрпеле повеќекратни скршеници на нозете, а на едната ѝ е скршено и стапалото.
Како што се наведува во извештаите, стариот железнички мост се срушил додека девојките се обидувале да се фотографираат. Локалните медиуми објавиле нивна фотографија која настанала непосредно пред катастрофата.
На неа се гледаат три девојки кои позираат на врвот од неупотреблив железнички мост и четвртата која ја држи камерата и го забележува моментот со фотографија.
-Мостот се користи како пруга, младите девојки пропаднале, но за среќа преживеале, благодарејќи на службата за итни случаеви - истакнал локалниот полицаец Марсело Фреитас.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест