Четири автобуси и едно патничко возило вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
– На 23-ти, 24-ти и 25 октомври полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на пет моторни возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници, констатирале прекршоци. Притоа, контролирани биле четири автобуси и едно патничко возило, кои не ја поседувале законски пропишаната документација.
Како што информира МВР, при контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, управувано од Т.К.(24) од општина Василево, два автобуса со битолски регистарски ознаки, управувани од С.З.(56) од Битола и од Т.К.(47) од Битола, два автобуса со скопски регистарски ознаки, управувани од З.М.(65) од Скопје и од А.Г.(40) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
