-->
-->
Чествување за Никола Јонков Вапцаров во општина Бутел
-->
Манифестација Чествување за Никола Јонков Вапцаров по повод неговиот 110 роденден ќе се одржи денеска во општина Бутел.
Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски ќе положи цвеќе пред споменикот на поетот и револуционер, Никола Јонков Вапцаров. Потоа, во големата сала на Општината, ќе се одржи пригодна свеченост, на која пред присутните ќе се обрати градоначалникот Смилевски.
– Во спомен на ликот и делото на Вапцаров ќе настапат хорот на Здружението на пензионери на општина Бутел, КУД „Плетеница“ со повеќе песни и ора и ученици од ОУ „Живко Брајковски“ ќе презентираат повеќе песни од Вапцаров, соопштија од Општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио