Честитка за 2 Август Илинден од Македонската алијанса

Претседателот на Македонската алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски им го честита на граѓаните на Република Македонија и до сите Македонци во светот Денот на Републиката 2 Август.
- Горд на нашето минато исправено чекорам по патот кој нашите предци ни го трасираа и се бореа за да живееме достоинствен живот во нашата татковина како демократска и независна држава, која претставува дом на прекрасни луѓе. Посакувам заедно да го празнуваме и овој Илинден и да продолжиме посветено да работиме, секој во рамките на своите можности, во изградбата на една модерна и просперитетна држава која никогаш нема да ги заборави својата култура и традиција.... Наша заедничка патриотска должност е да се избориме за силна, стабилна, просперитетна и обединета Македонија! Тоа е наследството од нашите претци и нашиот влог за генерациите Македонци кои доаѓаат, пишува во честитката на Претседателот на Македонската алијанса.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
