Честитка од Вељаноски по повод Денот на македонската револуционерна борба
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Републиката од свое лично име и од името на пратениците во Парламентот им го честитам овој голем празник.
- Наша обврска и должност е да оддадеме достојна почит на успесите од минатото, но гледајќи решително, заедно и обединето кон иднината. Внатрешната македонска револуционерна организација ја определува вредноста на се што е македонско. Застана на патот и беше решена како организација цврсто да ги брани македонските национални, културни, историски и цивилизациски придобивки, со длабоко врежано чувство на грижа за сите кои живеат на македонско тло, без разлика на вера и етничка припадност. Македонскиот непокор и вековната желба за слободна Македонија се вткаени во овие четири букви кои беа движечка сила за сите херојски подвизи. Во оваа прилика мораме да се потсетиме дека Македонија е зборот кој ги водеше борците за независна Македонија, и тој збор треба да не води и нас во денешните битки. Ние сме должни да го чуваме нашиот идентитет, јазик и култура, да сме обединети и да ги остваруваме нашите заеднички интереси, вели во честитката Вељаноски.
Ние како граѓани на Република Македонија, како што подвлекува Вељаноски, ја имаме можноста да работиме во демократска држава, и заедно да се вложиме кон нејзин развој и модернизација за генераците кои ќе следат да бидат горди на својата држава. дма/10:05
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава