Честитка од Спасовски повод „30 години Армија“
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го честиташе јубилејот „30 години Армија“ и 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Тој порача дека храброста, посветеноста и професионализмот се одликите што македонската Армија ги акумулира во тридецениското постоење и работење на Армијата, на жените и мажите војници кои низ годините бескомпромисно ги демонстрираа овие вредности во одбрана на татковината.
-Првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев“ од 1943 година служеше како патоказ за зачеток и развој на нашата Армија, за сигурен пат до целта – членството во НАТО, како дел од системот за колективна одбрана и конечно, како фактор за мир и стабилност во регионот, пишува Спасовски на својот Фејсбук-профил.
Министерот во честитката додаде дека Армијата, рамо до рамо со полициските службеници, пожарникарите, медицинскиот персонал и солидарните и општествено одговорни граѓани, е секогаш во првите редови, во кризни ситуации и вонредни состојби. Упати посебно признание за севкупниот придонес за безбедноста на сегашните и идни генерации.
– Нека е честит јубилејот 30 години Армија и за многу години Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18 Август!, порача министерот Спасовски.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024