Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите
Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Република Северна Македонија.
- На овој ден во 1905 година бил издаден декрет со којшто во рамките на Отоманската Империја била призната реалноста дека Власите се посебен народ со свој јазик, своја култура и со свој идентитет. Со тоа се отвори ново поглавје во долгата и богата историја на влашкиот народ, што сведочи и за големиот придонес на Власите во борбата за слободна и независна македонска држава. Денес, припадниците на влашката заедница во Северна Македонија го остваруваат правото на граѓанско и на политичко организирање, уживајќи ги сите права како и другите етнички заедници. Власите активно придонесуваат во општествените текови и во сите сегменти на секојдневното живеење. Обврска на Република Северна Македонија е да продолжи да го чува, развива и да го промовира етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности. Нека е честит 23 Мај – Националниот ден на Власите, се наведува во честитката од претседателот Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
