Честитка од претседателот на Собранието Талат Џафери по повод Нова година
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска упати честитка го граѓаните по повод новогодишните празници посакувајќи им добро здравје, напредок, мир, спокој и благосостојба.
-Кога завршува тековната година, природно, се навраќаме на се што поминавме. Се прашуваме дали доволно сме работеле, сме придонеле за подобро општество, дали сме посветиле доволно време на најмилите, дали сме направиле барем едно добро дело без да очекуваме ништо за возврат, дали одлучно сме се справиле со предизвиците и сме извлекле поука. Ако одговорот е афирмативен, тогаш годината била успешна, пишува Џафери во честитката.
Посакува Новата 2024 година да биде книга чии страници ќе бидат испишани со убави работи, со позитивни дела, со почит и разбирање меѓу луѓето.
-Нека биде година во која ќе ја чувствуваме и споделуваме топлината на солидарноста, ќе веруваме и ќе рефлектираме надеж. Посакувам како граѓани на Република Северна Македонија да спроведеме успешни избори, да реализираме зголемен раст на економијата и да го изодиме заедно патот кон Европската Унија. Во очи Новата 2024 година, Ви посакувам, добро здравје и напредок, Вам и на вашите најмили, квалитетно време поминато со вашите семејства. Mир, спокој и благосостојба во Вашите домови и во Република Северна Македонија, пишува претседателот на Собранието во честитката по повод новогодишните празници.
Ново на Сител
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор
-
Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
-
Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари