-->
-->
Честитка од премиерот за спроведување на изборите Димитриев по повод Денот на народното востание
-->

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев во името на Владата и во лично име, упати честитка го граѓаните по повод големиот празник 11-ти Oктомври – Денот на народното востание.
- Денес, Република Македонија прославува 75 години од почетокот на големото народно востание и борбата на нашиот народ за ослободување од стегите на фашистичкиот окупатор. Денес се сеќаваме на големиот број борци кои тогаш кога било потребно се исправиле пред предизвикот на својата генерација и храбро ја повеле борбата која придонесе Македонија да го дочека крајот на Втората светска војна на страната на победниците, на страната на големата коалиција на земји поборници на мирот, слободата, демократијата и почитувањето на човековите права, стои во честитката од Димитриев.
Сеќавајќи се на овие славни моменти од нашата историја, се подвлекува, и ние денешните генерации треба да се инспирираме колку што е можно повеќе и да останеме посветени, целосно и безрезервно, кон нови успеси и нови радости за нашиот народ.
- Ако пред 75 години предизвикот бил да се врати слободата на народот, денес е предизвик да се отворат нови работни места, да се донесат повеќе инвеститори, да се поттикне уште поголем економски развој, да се интегрира државата во Европската Унија и НАТО, да се изградат што повеќе патишта, да се подобри здравството и образованието, да се напредува во културата, земјоделието, туризмот и многу други полиња од значење за нашето секојдневие. Тоа се идеалите пред кои сме денес исправени и на кои треба да одговориме со сето срце и љубов за Македонија, порачува во честитката премиерот Димитриев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“